LOGNET ПОВРЗУВА

ПРОФЕСИОНАЛЦИ ВО ЛОГИСТИКА

ПОВЕЌЕ ОД 400 КОМПАНИИ

во Хрватска, Србија, Словенија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија и Австрија

ПОСТОЈАНО ИНФОРМИРАНИ

24/7 комуникација со превозници, доставувачи и локации за складирање

ЛОГНЕТ (LOGNET)

организација на транспортна и логистички мрежи

Нарачката на услуги за превоз по телефон и е-пошта одзема многу време. Lognet овозможува вмрежување на оние кои нарачуваат транспорт со транспортерите.

Размената на информации меѓу превозниците е клучно за ефикасно организирање на транспортот.
Вклучувањето на поголем број превозници при нарачувањето на транспортот и транспарентноста на процесот значително го зголемуваат одговорот и конкурентноста на цените на превозниците. Lognet е софтвер базиран на интернет што овозможува формирање на затворена мрежа на оператори и пристап до Транспортната берза.

Одредени функционалности:
  • Автоматско креирање на транспортната документација
  • Фактурирање на превозот од страна на превозникот директно од Lognet
  • Годишни тендери и тендери за индивидуален превоз
  • Ценовници и пресметка на превозот
  • Контрола на фактурата од превозникот
  • Следење на точноста на испораките со геокодирање
  • Размена на податоци со други информациони системи што компанијата ги користи
  • Достапност на Lognet-от и работа со паметни телефони
  • Трага во пишана форма за секоја трансакција (е-пошта)
  • Размена на податоци со други информациони системи (SAP, Jupiter, Pupilla, Ortec, Paragon, Mobilisis, CVS, 4dWand, Smartivo)

Логнет ѝ помага на компанијата да ги постигне пазарните цени на транспортот и ја зголемува од 20 до 40% продуктивноста на вработените кои го организираат превозот. Побарајте демо

YARD УПРАВУВАЊЕ

Управување со редоследот за товарење и истовар

Планирањето на товарењето и истоварувањето и следење на овие активности во реално време е предуслов за оптимално користење на ресурсите за складирање.

Преглед на сите испораки и капацитети за складирање.
Планирањето за товарењето и истоварот е предуслов за оптимално користење на ресурсите за складирање. Lognet yard management е софтвер базиран на интернет кој ги усогласува сопствените можности со можностите на доставувачите и превозниците.

Одредени функционалности:
  • Планирање на магацинските тимови преку YARD MANAGEMENT
  • Управување со товарењето и истоварот на секоја рампа преку DOCK MANAGEMENT
  • Можност доставувачите сами да резервираат слот
  • Најави за доцнење или порано пристигнување од страна на превозниците и доставувачите
  • Преглед на сите активност во и околу кругот (камиони на паркинг, во круг, при товарење / истовар, обработка на документација, итн.)
  • Интеграција на други деловни единици (набавка, продажба) кои имаат увид во зафатеноста на магацинот при нарачка на стоки
  • Историја на трансакциите
  • Real time dashboard (Контролна табла во реално време)
  • Аналитичка dashboard (Аналитичка контролна табла)
  • Извештаи

Lognet yard и dock management е алатка која ѝ помага на компанијата:
  • Значително да го намали чекањето на превозникот за товарење / истовар
  • Поефикасно да ги користи магацинските тимови и рампите за товарење / истовар
  • Чекањето на превозникот за товарење / истовар се намалува до 30%
Побарајте демо

CARBON ACCOUNTING

ПРЕСМЕТКА НА ЈАГЛЕРОДЕН ОТПЕЧАТОК ПРИ ПРЕВОЗ НА ДОБРА

Автоматизирањето на пресметката на отпечатокот на CO2 при секој транспорт и празни километри овозможува анализа, известување и донесување на информирани одлуки.

Пресметувањето на CO2 во транспортот е исклучително тешка работа.
Секој транспорт остава различен отпечаток на CO2, голем дел од транспортот го вршат превозници кои обезбедуваат надворешна услуга и речиси е невозможно рачно да се пресмета и следи постигнувањето на целите за деловна одржливост. Конзистентните информации и аналитичките алатки на софтверот Lognet Carbon Accounting обезбедуваат целосна слика за сите кои генерираат CO2 и само тогаш е можно да се преземат информирани активности, а податоците и анализите може дополнително да се пренесат во ERP за целосно сметководствен опфаќање на јаглеродниот отпечаток на компанијата.

Софтверот Lognet Carbon Accounting ги има следните функционалности:
  • Интеграција на Google Maps за проценка на раздалеченоста
  • Проценка на времетраењето на патувањето
  • Приказ на потрошувачката на гориво за возилото и приклучното возило (ладилник)
  • Пресметка на CO2
  • 3 типови на извештаи: (I) според налог, (II) според товар/нарачател и (III) по релација
  • Специјална функционалност на софтверот Lognet Carbon Accounting е приказ на километрите и тонските километри
Побарајте демо

Што нудиме

УСЛУГИ ДИЗАЈНИРАНИ ЗА СЕКОЈ КЛИЕНТ, НО НА ИСТАТА ПЛАТФОРМА

Индивидуализиран пристап

Секој клиент има свој начин на работа. Lognet се прилагодува на процесите и потребите на секоја компанија, нејзиниот начин на работа со превозниците и добавувачите.

Тим за развој

Многу време поминуваме во комуникација со клиентите и разбирање на нивните потреби. Развојот на сите софтверски компоненти е во доменот на нашиот искусен и мотивиран тим.

Искуства на различни индустрии од регионот

Следејќи го растот и развојот на своите клиенти, се развиваше и Lognet. Нашите клиенти се од различни индустрии, различни култури и подрачја на зборување. Сите работат и комуницираат едни со други на платформата Lognet.

Интеграции со други софтвери

Компаниите истовремено користат повеќе софтвери за управување со нивното работење. Lognet се интегрира со постојните софтвери за да компанијата работи во уникатно и познато информатичко опкружување, користејќи го најдоброто од секој софтвер.

ЗА НАС

Апликацијата Lognet лансирана е 2009 година. Повеќе од 10 години развиваме софтвери за логистичката и транспортната индустрија и растеме заедно со нашите партнери. Нарачувањето на услуги за превоз преку телефон или е-пошта е непрактично и одзема многу време. Преговарањето за датумот на испорака на стоката со доставувачите без увид во состојбата на активностите во магацинот создава непотребно чекање. Онлајн платформата Lognet, достапна на сите, ги поврзува нарачувачите на превоз со превозниците, купувачите со доставувачите, а магацините со сите странки со кои соработуваат.

Нашиот тим има долгогодишно искуство во областа на логистиката и компјутерското програмирање. Со разбирање на потребите на нашите клиенти, создаваме производи што ќе им овозможат да постигнат уште повисоки цели.

ИНДУСТРИИ КОИ ШТО ГИ ПОКРИВАМЕ

Lognet има софтверско искуство во различни индустрии. Развиваме софтвери за транспорт на разни видови стока, од товар во палети до расфрлен товар, како и добиток, со различни температурни режими и видови на транспорт. Погледнете ја листата:

  • Храна

  • Трговија

  • Дистрибуција

  • Индустрија

  • Земјоделство

  • Транспорт

  • Фармацевтска

Настани

  • Supply Chain Summit

    Платина спонзор

    На 3-тиот Supply Chain Summit што се одржа во Белград, директорот на Lognet презентираше како софтверот Lognet и Lognet Yard Management, поврзувајќи ја компанијата, добавувачите и превозниците во една мрежа, овозможуваат работа со информации во реално време и ги елиминираат скриените трошоци.

  • Adria Procurement Event

    Бронзен спонзор

    Фокусирајќи се на темата "360° набавки: Предизвици, стратегии и иновации", овогодинешниот APE 2024 обедини голем број врвни експерти од индустријата за набавки со кои разменивме драгоцено знаење и искуство. Како еден од предавачите, директорот на Lognet, Милан Ора, имаше можност да зборува за современите дигитални алатки кои можат значително да придонесат за намалување на трошоците, но и да им помогнат на компаниите да одговорат на се погласните барања за зголемена одржливост.

  • 11-та Конференција за логистика и транспорт

    Златен спонзор

    11-тата Конференција за логистика и транспорт повторно се потврди како централен настан на индустријата со повеќе од 500 собрани професионалци од полето на логистика од целиот регион. Беше одлична можност да се претстават новите технолошки иновации во Lognet - функционален сервис за СМС услуги со чија помош во секое време можете да го дознаете точното време на пристигнување на камионот кој треба да се натовари или растовари, како и неговата локација. Алатката Yard Management на тој начин добива зголемена видливост и управување со времето на застој пред тоа да се случи. Овој интегриран начин на комуникација заштедува огромно време потрошено на телефонски повици.

  • 18-та Конференција за набавки: Луѓе - технологија - одржливост

    Златен спонзор

    Фокусот на 18-тата Конференција за набавки беше на темата "Луѓе - технологија - одржливост", што беше одлична можност за Lognet првпат во живо да ја претстави својата нова Lognet Carbon Accounting алатка и уште еднаш да објасни како софтверот Lognet може да придонесе за успехот на компаниите преку рационализација на трошоците и деловните процеси.

  • Претставување на Lognet Carbon Accounting

    Софтверот Lognet го зајакнавме со дополнителна иновативна алатка Lognet Carbon Accounting, која ги усогласува барањата за заштитата на животната средина од една страна, како и барањата за рационализација на трошоците и работењето на бројни компании од друга страна. Софтверот Lognet, преку реални податоци и аналитички алатки, сега им овозможува на корисниците да добијат детален увид во изворите и локациите на емисии на CO во транспортот.

  • 10-та Годишна конференција за логистика и транспорт

    Златен спонзор

    Yard Management е една од клучните алатки за управувањето со логистичките процеси. Lognet и Carlsberg Србија презентираа пример за успешна имплементација на овој софтвер во фабриката на Carlsberg во Србија. Партнерите од Carlsberg конкретно ги посочија подобрувањата и заштедите што ги постигнале со алатката Yard Management на Lognet: поголема продуктивност на складиштето, навремено доаѓање на превозникот, скратување на времето на задржување на камионот во кругот за 30 - 45 минути, поголем број на дневно натоварени камиони и задоволство кај самите превозници кои знаат дека ќе бидат навреме натоварени и полесно ќе ги планираат следните товарања.

  • 9. Logistička konferencija Logistike & Transporta Beograd

    Zlatni sponzor

    Lognet je predstavio trendove u transportu. Upravljanje troškovima transporta i skladištenja uvijek je bilo u fokusu supply chain managera. No sada digitalizacija i mrežni rad daju potpuno novu perspektivu i omogućavaju kompanijama oboje i ubrzavanje procesa i smanjenje troškova. Zelena tranzicija i briga za okoliš dobivaju sve veću ulogu u oblikovanju poslovanja naših partnera. Lognet Zeleni indeks motivira kompanije na dodatnu brigu o okolišu.

  • Supply Chain Summit (Самит на снабдувачки синџири) Загреб 2019

    Златен спонзор на конференцијата

    Рампи за товарење и истовар им недостасуваат на многу компании. Често на исти рампи доаѓаат транспортни возила организирани од самата компанија, возила со стока испратена од доставувачите, или клиенти кои доаѓаат по стока. Lognet yard management на иста платформа им овозможува управување 24/7 на сите учесници на спомнатите процеси во магацинот. На конференцијата беше презентиран случај на интегрирано решение на софтверите на Lognet и Lognet yard management.

  • Supply Chain Summit Белград 2019

    Златен спонзор на конференцијата

    Lognet заедно со Јамница, водечки производител и дистрибутер на вода и сокови во регионот, ја презентираше организацијата на превозот и yard management-от. Посебено беа анализирани информатичкото опкружување и интеграциите на Lognet - SAP и Lognet - Ortec, како и заштедите што Јамница ги постигна со користењето на Lognet.

  • 8. Logistička konferencija SLA Beograd 2019

    Златен спонзор

    Колку технологија може да помогне да се постигнат заштеди во транспортот и складирањето? Lognet ја претстави важноста на брзиот проток на информации и неговото влијание врз видливите и невидливите трошоци. Покрај видливите трошоци за кои компанијата добива фактура од доставувачите, посебно беа анализирани „невидливите“ трошоци, од времето кое диспечерот го поминува за организација на транспортот, превозникот во чекање, а магацинот во прием на возилата и начините како со нивно намалување да се постигне поефикасна организација на транспортот и складирањето.

 

Што велат партнерите